Фото: Фејсбук

Дете удрено со мотор зад „Скопјанка“, жителите бараат соодветна сигнализација на улицата

Дете е удрено со мотор на уличка зад Трговскиот центар „Скопјанка“ во Аеродром. Во групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“ на Фејсбук, каде што беше споделена информацијата, беше побарано токму оваа улица да биде соодветно означена со сообраќајни знаци и пешачки премин.

Граѓаните велат дека иако е еднонасична, по улицата се вози во двата правци на одреден дел.

– Оваа улица позади Т.Ц. Скопјанка која е еднонасочна, но се вози двонасочно на делот од скаличките до паркингот, да се обележи пешачки премин и некој знак за пешаци. Секојдневно оттука одат и се враќаат ученици од О.У. „Браќа Миладиновци“ и е опасно за нив. Денес беше удрено дете од возач на мотор, а и претходно имало слични инциденти за среќа без последици како денес – сподели жител од околните згради.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот