Фото: Јутјуб / скриншот

Дете претепало дете со боксирач во Штипско, жртвата е во болница со тешки повреди

Во крвав напад на 16-годишно момче врз друго дете во штипското село Карбинци, жртвата завршила во болница со сериозни повреди, соопшти полицијата.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против 16-годишник од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 21.08.2025 во с.Карбинци, општина Карбинци, пријавениот физички нападнал малолетник, и притоа употребил т.н. боксирач, нанесувајќи му тешки телесни повреди“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот