Болница во Куманово /Фото: МИА

Детали за трите жени од Куманово починати од ковид

Дваесет и деветгодишна родилка од Куманово почина од компликации на Ковид-19 на клиника во Скопје. Покрај неа, починаа уште две жени од Куманово, на возраст од 49 и 74 години.

Директорката на кумановската болница Снежана Захариева, денеска изјави дека најмладата пациентка побараа помош на 29 јули, прво во дневната болница на инфективното одделение поради симптоми на коронавирус. По два дена ѝ било препорачано да остане во болницата.

– По влошување на лабораториските параметри и клиничката слика и откако самата се пожалила дека не го чувствува бебето, испратена е до ГАК Скопје, изјави Захариева.

Втората пациентка од Куманово на 49-годишна возраст, примала прва доза вакцина. Како што појасни Захариева и таа по влошувањето на клиничката слика била испратена во Скопје, каде и починала,

Последната 74-годишната пациентка починала во кумановската болница, таа била дијабетичар, со покачен крвен притисток и развила тешка клинчка слика.

– Жалам за сите наши сограѓанки кои починаа од компликации од коронавирусот. Граѓаните треба да се свесни дека компликациите кои се тешки и затоа стриктно треба да се придржуваат до мерките, а најважна во оваа борба против пандемијата е вакцинацијата, изјави Захариева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот