Фото: Јутјуб/Принтскрин

Детаљ во домот кој изгледа неверојатно скапо, а се прави брзо, лесно и ефтино: Направете го тоа сами! (ФОТО, ВИДЕО)

Декорациите во домот никогаш не се доволни, но ако сакаме да купиме убав, импресивен детаљ, обично треба да издвоиме малку повеќе пари.

Сепак, со малку креативност и само може да направите феноменални украси за вашиот дом кои изгледаат исклучително скапи и елегантно, а всушност не чинат скоро ништо – направете ги сами!

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Овојпат предлагаме да направите нешто практично, но и декоративно, како на пример едно луксузно огледало.

За да направите луксузно огледало во форма на сонце, ќе ви се потребни: парче посилен картон, тркалезно огледало (можеби старо што испаднало од рамката), подолги стапчиња за раженчиња, лепак, спреј и имитација на бисерен ѓердан.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Постапка: Исечете го картонот во форма и големина на огледало, а потоа залепете ги стапчињата за ражени од едната страна. Исечете ги стапчињаната со различна големина како би наликувале на сончевите зраци.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Кога стапчињата убаво ќе се залепат на картонот, испрскајте ги со златен спреј и оставете ги да се исушат добро. Потоа залепете го огледалото на картонот и бисерниот ѓердан околу огледалото. Ако е предолг, скратете го и користете ги преостанатите бисери за уште еден ред околу огледалото.

Сега останува само да го закачите своето уникатно огледало на местото каде најубаво ќе прилега во домот и да уживате во комплиментите што сигурно ќе ги добиете од сите што ќе влезат во вашата куќа!

Погледнете ја деталната постапка во видеото, но и уште неколку предлози за едноставна, но убава декорација на домот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот