Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го бараа Јовевски, а не сакаат да го слушнат

Министерката за правда Рената Дескоска на својот Фејсбук профил напиша дека од ВМРО-ДПМНЕ го бараа државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, а не сакаат да го слушнат на јавната расправа за законот за јавно обвинителство.

– Денеска продолжува јавната расправа за Законот за јавно обвинителство. И денес матрицата на ВМРО – ДПМНЕ повторно излезе на површина – бараат цензура и се противат јавниот обвинител Јовевски и јас да земеме збор и да го кажеме мислењето по вчерашните предлози. Го бараа Јовевски, а не сакаат да го слушнат. И спротивно на Деловникот се противат да кажам кои се следните чекори во градење консензус околу законот, напиша Дескоска својот Фејсбук профил.

За време на вчерашното обраќањето на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од галеријата каде што новинарите ја следат јавната расправа ставија транспарент на кој пишуваше: Господине Јовески до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба? (чл.60, закон за ЈО).

Во јавната расправа учествуваат претставници на правната фела, обвинители, адвокати, професори од правните факултети и од НВО секторот, како и пратеници од сите политички партии. Предност во изнесувања на своите забелешки им е дадена на претставниците на стручната и експертската фела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот