
Десет модни заповеди на Џорџо Армани што секоја жена треба да ги знае!
Џорџо Армани беше еден од најмоќните и светски познати дизајнери, тој создаде безвременски стил, без дури ни да сфатиме дека модата порано изгледала сосема поинаку.
Препорачано
Армани ја револуционизираше модната индустрија и докажа дека луксузот не мора да значи неудобност или тесно. Неговиот стил е синоним за деловен шик, софистицирана сексапилност и рафинирана елеганција.
Во продолжение ви ги донесуваме десетте модни совети на Џорџо Армани што ни ги остави на сите нас.
1. „Елеганцијата не е во тоа да бидете забележани, туку да бидете запаметени.“
Џорџо Армани стана познат благодарение на својот успех во Холивуд. Модниот свет почна да зборува за него по филмот „Американски жиголо“ (American Gigolo) од 1980 година, каде што Ричард Гир беше облечен од глава до пети во Армани. Сите мажи во светот веднаш посакаа да изгледаат како Гир. Почнаа да носат палтиња, панталони, кошули и вратоврски од колекциите на Армани.
2. „Разликата помеѓу стилот и модата е квалитетот.“
Специјалноста на Армани е совршениот крој, меките ткаенини и минимализмот. Самиот Џорџо вели дека „едноставноста е клучот за вистинска елеганција“. Целата облека на овој дизајнер е позната по својата елеганција и хармонично единство со оној што ги носи.
3. „Евтиниот пар чевли е лоша економија.“
Чевлите се основа на вашиот гардеробер.
4. „Да изгледаш секси е прашање на самодоверба.“
Тоа е состојба на умот исто колку и состојба на телото.
Армани забележал дека би сакал да биде повисок и да имал повпечатлив нос. Меѓутоа, морал да работи со она што му е дадено и тоа да го искористи максимално. Работите што не можат да се променат, не се вредни за губење на времето.
5. „Драго ми е што денес повторно е во мода желбата да се изгледа елегантно.“
Елеганцијата е клучот за безвременскиот стил, нешто што никогаш нема да излезе од мода, нешто со кое ниту вие никогаш нема да излезете од мода. За мене, стилот е поважен од краткотрајните модни трендови.
Армани драстично ги промени правилата на модата, создавајќи нови стандарди во модната индустрија. Тој се ослободи од излишните детали и воведе спортски елементи во деловната и вечерната облека. Тој создаде посебен, ослободен стил што ги дефинира модерните машки и женски гардеробери низ целиот свет. Тој ги направи панталоните и палтињата послободни и поудобни, дозволувајќи им на луѓето лесно да се движат, а воедно да го задржат деловниот шик изглед.
6. „Не се трудете премногу додека избирате облека.“
Најмодерните луѓе изгледаат како воопшто да не се потрудиле околу својот изглед. На самиот почеток од својата кариера, Армани ги отфрлил панделките, карнерите и наборите и го прогласил апсолутниот минимализам за главен принцип на својата уметност. Неговата препознатлива особина стана изглед на неоптоварена безгрижност. Ги омекна линиите и ткаенините, правејќи ја својата облека многу попријатна и поудобна.
7. „Црната и темносината се подобри од другите бои.“
Користејќи ја оваа палета на бои, можете да си дозволите да експериментирате со формите и текстурите.
8. „Парфемот е повеќе од екстракт, тој е присуство во апстракцијата.“
За мене, парфемот е мистика.
9. „Изберете неутрални ткаенини без интензивни орнаменти.“
Тие ќе ви траат подолго од гледна точка на модата.
Луѓето кои работеле со Армани тврдат дека неговите раце се полни со магија. Дизајнерот не го негира фактот дека при допирот на ткаенините создава некоја посебна енергија. Тоа му помагало да ги избере најдобрите материјали. Потоа, како фанатик на својот занает, ги обликува околу телото на моделот. Тој процес го нарекува еден од најсензуалните на светот.
10. „Мојата филозофија отсекогаш била да им помогнам на жените и мажите да се чувствуваат удобно“
И самоуверено преку облеката што ја носат. Верувам дека стилот е единствениот вистински луксуз, оној што е навистина посакуван.
Армани засекогаш го промени нашето сфаќање за облеката. Само гениј може да го постигне тоа во модната индустрија.