фото: kfsm.mk

Дерби уште на стартот – Пелистер му гостува на Работнички во првото коло од кошаркарската Суперлига

Денеска, на состанокот на претставниците на сите дванаесет клубови-учесници во кошаркарската Суперлига и раководството на федерацијата, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во Првата лига-мажи за сезоната 2025/2026.

Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со дванаесет екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло кое стартува на четврти октомври:

Парови од 1. коло (4 октомври)

Феникс 2010 – Ангели
Чаир 2030 – МКК Куманово
Кожув – ТФТ
Маџари – МЗТ Скопје Аеродром
Гостивар – Тиквеш
Работнички – Пелистер

Пред почетокот на кошаркарската суперлига ќе се одигра Суперкупот кој е на програмата на 28 септември.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот