Фото: Принтскрин / Инстаграм

Денеска роденден слави Игор Ангелов, еден од најпопуларните актери на македонската сцена

На денешен ден во 1977 година во Скопје е роден Игор Ангелов, познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности (2001). По дипломирањето работел во Прилепскиот народен театар, а од 2010 година работи во Драмскиот театар во Скопје. Во својата кариера учествувал во бројни театарски, филмски и телевизиски проекти. Остварил учество и на повеќе фестивали, меѓу кои „Млад отворен театар“, „Војдан Чернодрински“, „Денови на комедија“, „Ристо Шишков“ и „Охридско лето“ во Македонија, „Cividale del Friulli“ во Италија, „Grlimo se morem“ во Хрватска, „ТЕСТ“ во Босна и Херцеговина, „САПАС“ во Бугарија, како и на Деновите на македонската култура во САД и Австралија. Препознатлив кај најмладата публика по улогата на Детективот Цветко во телевизиската сeрија Петко.

Театрографија: Луис (Ангели во Америка, 2009); Розенкранц (Хамлет, 2010); Темјан (Генетика на кучињата, 2012); Актер (Последните македонци, 2012); Поетот (Вртелешка, 202); Стојко (Огнени јазици, 2013); Осман Бег (Македонска крвава свадба, 2013); Капетанот Џон Пиплфокс (Џон Пиплфокс, 2014).

Филмографија:Погрешно време (2000); Големата вода (2004); Ова не е американски филм (2011); Трето полувреме (2012); Тврдокорни (2013); Медена ноќ (2015); Лазар (2015); Златна петорка (2015); Преспав (2016); Фамилија Марковски (2017); Исцелител (2017); Година на мајмунот (2018), Јужен ветар (2018); Зоки Поки (2020); Хомо (2020); Моето име е Горан Стефановски (2022); Скриптата (2023).

Награди: Награда за најдобар млад актер „Трајко Чоревски” за улогите во претставата Синдром Чернодрински на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2001); Награда за најдобра машка споредна улога во претставата „Проклетство на изгладнетата класа“ на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2007).

Ангелов е сеприсутен во медиумскиот простор, а во интервју за „Слободен печат“ зборуваше за дистинкцијата помеѓу улогите на ликовите кои ги имал на ТВ, филм или театар.

– Иако се тоа различни медиуми и сите си имаат свои правила на игра и израз, тие не се пресудни при мојот избор. Темата, односно идејата што ќе ме допре е најважна. Поважно ми е Што кажувам, отколку Како тоа го кажувам! Да, разликата е голема, иако форматот можеби делува слично, но начинот на интерпретација е различен- рече Ангелов во таа прилика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот