
Денеска е Меѓународен ден на пивото – На здравје!
Меѓународниот ден на пивото можеби не е најпознатиот празник во светот, но е најдобар за секој љубител на пиво. Првиот петок во август се слави како Меѓународен ден на пивото од 2007 година, а е воспоставен во Калифорнија.
Препорачано
За неколку години, од локален настан, прерасна во светски празник кој слави три работи:
Дружење со пријатели додека неизбежно се пие најпопуларниот пијалак во светот,
Благодарност до сите оние кои произведуваат и служат пиво,
Прослава на пивото како пијалак што ги зближува љубителите на вкус еден ден во годината.
Во текот на денот, пожелно е да се испие пиво, но и да се изрази посебна благодарност до сите келнери кои редовно, брзо и ладно го носат истото.
Пивото е алкохолен пијалак, кој во многу земји се смета за прехранбен производ, а се прави од квасец, хмељ, јачмен и вода. Тоа е еден од најстарите пијалаци и се прави уште од антички Египет.
Застапено е низ целиот свет, особено поради научно докажаниот факт дека е природен, биолошки избалансиран производ, кој, на пример, во еден литар има енергетска вредност еквивалентна на истата количина полномасно млеко.
Умереноста во консумирањето алкохол е клучна, а ова важи и за пивото. Иако има помал процент на алкохол, пивото во прекумерни количини може да има исти несакани ефекти како и жестоките пијалаци.
Чесите пијат најмногу пиво по глава на жител годишно, по што следат Австријците и Германците.