Светите маченици Аникита и Фотиј

Денес се празнуваат Светите маченици Аникита и Фотиј

Царот Диоклецијан еднаш го посети градот Никомидија со зла умисла да ги истреби наполно христијаните. Па кога почна бездушно да ги измачува, пред него застана свети Аникита, кој беше еден од градоначалниците, и смело ја исповеда пред царот својата вера во Господа Исуса Христа, Бог воплотен во тело заради нашето спасение. При ова, Аникита уште и ги разобличи идолите како глуви и неми камења на кои еден разумен човек е недостојно да им се поклонува. Разјарен, царот нареди и му го отсекоа јазикот. Но, со силата Божја Аникита и натаму говореше. Тогаш на него пуштија лав, но лавот се умилкуваше околу него. Во тој миг падна храмот на Херкул. Фотиј, роднина на Аникита, го виде овој случај и трпењето на Аникита, па го бакна Аникита, се објави себеси за христијанин и му возвикна на царот: „О идолопоклонику, засрами се, твоите богови се ништожници!“ Царот нареди веднаш да го убијат со меч. Но, кога крена рака на свети Фотиј, џелатот со мечот се удри самиот себеси и умре. По долги маки и двајцата ги фрлија во затвор и лежеа таму три години. Тогаш ги изведоа, усвитија огромна печка и ги фрлија во оган. Мнозина христијани, мажи, жени и деца, своеволно влегоа со нив во огнот. И од огнот се слушна молитвата на христијаните со која Му благодареа на Бога за маченичката смрт. Сите пострадаа околу 305 година. Светите Аникита и Фотиј се повикуваат во молитвите на маслосвет и водосвет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот