Фото: Економија онлајн

Дендијас одби да одржи прес-конференција со косовскиот колега пред натпис Република Косово

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендијас при денешната посета на Приштина одби да одржи прес-конференција со Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово Доника Гервала пред табла со натпис „Република Косово“, објави Економија онлајн.

Заедничката прес-конференција во Приштина, Гервала и Дендијас ја одржа на другата страна на салата, каде што беа поставени само знамињата на Косово и Грција.

Фото: Економија онлајн

Шефот на грчката дипломатија на Твитер изјави дека со косовскиот министер разговарал за соработка на различни полиња, регионален развој, како и за дијалогот меѓу Приштина и Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот