Фото Фејсбук на политичка партија Левица
Фото Фејсбук на политичка партија Левица

Делегација на Левица положи свежо цвеќе на Мечкин Камен

Денеска, по повод Илинден, делегација на Левица, предводена од пратеникот и претседател на партијата Димитар Апасиев, положи свежо цвеќе на Мечкин Камен, заедно со членот на Президиумот Александар Симонов и раководителката на Црвена младина, Милица Давчева.

И во 1903 и во 1944 година, Илинден претставува прекин на поредокот кој го одржуваше угнетувањето, понижувањето и нееднаквоста. Беше удар врз систем кој го држел народот без глас, без моќ и без иднина. Денес суштината повторно се отвора преку прашањата: Кому му служи оваа држава? Чии интереси брани? Зошто младите бегаат, а постарите молчат? И каде исчезна идејата дека оваа земја може да биде место за слободен и достоинствен живот за сите? Државата е терен каде што секој ден се судираат интересите на трудот и капиталот, на мнозинството и елитата, на поробениот и угнетувачот. И додека човекот е подреден на профитот, додека политиката е заложник на геополитички диктати, а историјата се прекројува по нарачка – Илинден останува жива обврска, а не завршена страница. Сѐ додека не изградиме општество во кое човекот ќе биде над капиталот, државата ќе биде алатка на народната волја, а земјата заштитена од распродажба и бришење – Илинден нема да биде минато, туку задача, пишува во соопштението од Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот