фото: EPA/Mario Guzman

Деко е новиот спортски директор на Барселона

Поранешниот португалски фудбалер Деко е нов спортски директор на Барселона, потврдија од клубот во средата.

Андерсон Луис де Соуза Деко ја пополни позицијата која до неодамна ја вршеше Матеу Алемани.

Првите луѓе на фудбалскиот клуб Барселона потпишаа тригодишен договор со Португалецот.

Деко е добро познато лице на стадионот „Камп Ноу“, играјќи за Барселона од 2004 до 2008 година.

За тоа време одигра 161 натпревар за каталонскиот гигант со кој по двапати ги освои „Ла Лига“ и шпанскиот Суперкуп. Има две титули во Лигата на шампионите, по една со Барса и Порто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот