Фото: EPA-EFE/Jorge Zapata

Дејвис куп: Синер победи и ја остави Италија во игра за полуфинале

Најдобриот светски тенисер, Јаник Синер донесе израмнување за Италија на 1:1 во четвртфиналето од Дејвис купот во Малага против Аргентина.

Синер одигра одличен натпревар и со само три изгубени гема против Себастијан Баес (6:2, 6:1) дојде до победата. Претходно Аргентинците поведоа со триумфот на Француско Серундоло против Лоренцо Музети со 2:0 (6:4, 6:1).

Италијанецот не му дозволи никакви шанси на противникот и освои 10 винери повеќе, ги одбрани сите четири брејки шанси на противникот и своите половично ги искористи. За Синер ова е трета победа над Баес во исто толку мечеви.

Кој ќе игра во полуфиналето ќе биде познато по мечот во двојки помеѓу: Симоне Болели и Андреа Вавасори против Масимо Гонзалес и Андрес Молтени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот