
Дејвис Куп: Ѓоковиќ го победи Нори, Србија закажа полуфинале со Италија
Репрезентацијата на Србија се пласираше во полуфинале на Дејвис Купот, откако ја прегази Велика Британија со 2-0 во дуели. Втората победа за Србија ја обезбеди Ѓоковиќ кој го победи Камерон Нори со 2:0 во сетови (6:4, 6:4).
Препорачано
Беше одличен Ѓоковиќ во првиот сет и ја искористи втората брејк-шанса на противнички сервис за водство од 3-2. Србинот потоа изврши нов притисок врз Нори во седмиот гем, но Британецот успеа да се одбрани (3-4), по што најдобриот тенисер во светот продолжи со сигурниот сервис за да го освои сетот со 6-4.
Вториот сет Ѓоковиќ го почна со брејк уште во првиот гем (1-0), а потоа без проблеми сервираше и не му дозволи на Нори ниту да помисли на брејк-топка (6-4).
Претходно првиот меч Србија го доби Кецмановиќ, кој со двапати по 7:6 го совлда Дрејпер.
Во полуфиналето Србија ќе игра против Италија која денес претходно ја елиминираше Холандија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
59мин
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5