Фото: EPA-EFE/SADAK SOUICI

„Дедото разбојник“ кој учествуваше во грабежот на Ким Кардашијан вреден 7.5 милиони фунти, почина еден месец по пресудата

Диде Дубрек, 69, кој беше прогласен за виновен поради кражба на накит во вредност од околу 7,5 милиони фунти од Ким Кардашијан, почина само еден месец по пресудата. На Дидие му бил дијагностициран рак на белите дробови додека бил во притвор, а пред да се појави на судењето и примал хемотерапија, пренесува „Индпендент“.

Тој и седум други беа прогласени за виновни за грабежот во Париз во 2016 година, а на судењето во Париз на кое присуствуваше и Ким, судот потврди дека таа била врзана и на главата и бил вперен пиштол.

Крадците украле околу 7,5 милиони фунти од нејзиниот накит, вклучувајќи и веренички прстен вреден 3 милиони фунти, кој го подарил нејзиниот тогашен сопруг Канје Вест.

Познат и како „Сини очи“, Дубрек беше еден од двајцата мажи кои ја држеле Кардашијан под закана со пиштол во нејзината хотелска соба, иако тој ги негираше обвиненијата во текот на вториот ден на судењето.

Со солзи во очите, Дубрек зборуваше за своето минато како криминалец, велејќи му на судот:

„Му реков на мојот син: „Се надевам дека нема да станеш како твојот татко“. И јас внимателно го следам.“

Ким Кардашијан на денешното судење во Париз се соочи со напаѓачите кои ѝ го украдоа накитот вреден неколку милиони долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот