
ДЕБАТА : Хибридните закани и дезинформациите се опасност за демократијата на Западен Балкан
Се водат дезинформативни кампањи полни со теории на заговор и медиумски манипулации а овие наративи се присутни особено во јавноста кога се дебатира за уставните измени кои се наш услов за продолжување на евроинтегративниот пат на Македонија. Затоа неопходно е да има институционално зајакнување на отпорноста од невистините пласирани во јавноста но и да се работи на зголемување на свеста од хибридните закани кои несомнено се безбедносна закана како за земјава така и за државите од Западен Балкан.
Препорачано
Ова меѓудругото беа заклучоците од денешната дебата одржана во министерството за надворешни работи на тема „Зголемување на свеста за хибридните закани – зајакнување на отпорноста во Западен Балканот“ огранизирана од Евроатлантскиот совет на Северна Македонија, поддржана од Вишеградскиот фонд и министерството за надворешни работи на Јужна Кореја.
На денешната дебата покрај претставниците од Евроатлантскиот совет на С. Македонија присуство зедоа државниот секретар во МНР Филип Тосевски, амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија Н.Е. Јарослав Лудва како и други претставници од невладиниот сектор.
Соговорниците кои учествуваа на дебатата укажаа дека најголема закана за сигурноста во регионот во моментов се хибридните закани но и агресијата на Русија врз Украина.
Модераторот на „Националниот симпозиум за справување со дезинформациите“ Илија Џугуманов истакна дека проблемот со дезинформациите и лажните вести во земјава за разлика од пред неколку години и сега, е што овие наративи периодов се значително повеќе присутни и посилни кога земјава се обидува да ги продолжи преговорите за членство во Европската Унија. Според него руското влијание на Западен Балкан има во голема мера удел во пропагирањето на невистини во регионот.
– На Балканот има зголемено влијание од трети земји и центри кои ги користат емоциите поврзани со војната во Украина, во насока на создавање нестабилност – истакна генералниот секретар на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија Илија Џугуманов.
Потребно е, како што рече тој, соработка меѓу државните на регионално ниво, на државите кои се дел од НАТО, со цел да спречување на ширење на ваквите наративи.
Државниот секретар во МНР Филип Тосевски посочи дека целите на Русија се непроменети уште од минатата година кога ја почна инвазијата врз Украина а тие се насочени преку ширење на невистини и манипулации во јавноста регионот на Западен Балкан да биде изоставен од полноправното членство во Унијата.
– Руската агресија и справувањето со дезинформациите кои доаѓаат од руска страна е клучна бидејќи тие во глобала се насочени кон регионот на Западен Балкан со цел да вршат спирално ширење на невистини во општествата од кои подоцна ќе создатат проблеми и препреки на нивниот пат кон полноправна аспирација во Европската Унија – истакна Тосевски.
Тосевски смета дека дури и Украина да достигне успех за време на воената офанзива, Русија ќе остане закана за сигурноста и во иднина, најмногу поради нејзината способност за ширење на дезинформации.
Од друга страна амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија Н.Е. Јарослав Лудва истакна дека добрососедските односи се суштински дел на евроинтергративниот процес на Западен Балкан, а процесот на пристапување во ЕУ може да помогне за поголема промоцијата и унапредување на дијалогот меѓу Бугарија и Македонија.

-Чешка отсекогаш е силен поддржувач на европскиот пат на С.Македонија и горди сме што на почетокот на нашето претседавање ги почна пристапните преговори со Европската Унија. Дополнително нашата амбасада во Скопје соработува со С.Македонија и Бугарија од времето на чешкото претседавање со Унијата а за тоа сведочат многуте организирани конференции од Амбасадата на Чешка во Скопје и Софија на теми поврзани со добрососедските односи на двете земји. Сепак, потребно е зголемување на активностите во таа насока но и активно справување со дезинформациите кои се присутни во овој процес се со цел да има вистинско задвижување на евроинтеграциите на земјава но и регионот – истакна амбасадорот Лудва и додаде дека проблемот меѓу двете земји станува сериозен особено кога во јавноста се пласираат лажни вести и дезинформации кои сакаат да му наштетат на процесот.
Учесниците на дебатата се согласни дека руската пропаганда е сè попристуна, пораширена и посилна во онлајн просторот во Северна Македонија и преку неа се зголемува влијанието на официјален Кремљ и се засилуваат напорите за поделби и поларизација во општеството, поткопување на довербата во институциите и медиумите и предизвикување на вознемиресност кај граѓаните. Според нив случно е и во државите во опкружувањето кога станува збор влијанието на руската пропаганда во демократските процеси на Западен Балкан.