фото: facebook.com/hskposusje1950

Давид Денковски е нов голман на босанскиот прволигаш Посушје

Денеска фудбалскиот клуб од Босна и Херцеговина, ХШК Посушје ја извести јавноста дека нов голман на екипата е Давид Денковски (25)

Денковски, висок 202 см., кој има настапи во македонската У21 репрезентација, официјално потпиша договор со Посушје до лето 2026 година со опција за продолжување на соработката со „сино-белите“.

Во својата клупска кариера ги носеше дресовите на скопски Вардар, АП Брера, ФК Пехчево, ФК Брегалница Штип и ФК Шкупи.

Во босанскиот клуб доаѓа од редовите на Шкупи, каде имаше 53 настапи во Првата македонска лига.

Екипата на Посушје сезонава настапува во најсилната лига на БиХ, моментно после шест одиграни мечеви е на седмата позиција со пет бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!