фото: fkrabotnicki.com

Дашмир Елези потпиша договор со ФК Работнички

Фудбалскиот клуб Работнички го доведе второто засилување за новата сезона и настапот во квалификациите за Конференциската лига.

Тоа е Дашмир Елези (20), своевремено еден од најталентираните напаѓачи во македонскиот фудбал.

Во Работнички доаѓа како слободен агент откако се раздели со косовскиот тим Приштина.

Своите почетоци ги имаше во младинската школа на Шкендија, три сезони играше во првиот тим на актуелниот шампион, а потоа замина во Хрватска, носејќи го дресот на Локомотива Загреб.

Следуваше предизвикот со Приштина, а сега се враќа во македонскиот фудбал, потпишувајќи тригодишен договор со Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот