фото: EPA-EFE/Vince Mignott

Дарио Есуго нов фудбалер на Челси со договор до 2033 година

Англискиот фудбалски клуб Челси потврди дека нов играч на екипата е Дарио Есуго кој доаѓа од редовите на Спортинг од Португалија.

Фудбалерот од средниот ред кој минатата сезона ја помина на позајмица во шпанскиот Лас Палмас и е У21 португалски репрезентативец, официјално потпиша договор со лондонските „сини“ до 2033 година.

Во март 2021 на 16-години и шест денови дебитираше за сениорскиот тим на Спортинг на дуелот против Виторија Гимараеш.

Собра искуство играјќи за Спортинг Б, а забележа 23 настапи за првиот тим, додека вториот дел од сезоната 2023/24 беше на позајмица во Чавес во чиј дрес имаше 14 настапи.

Сезонава запиша 27 настапи за Лас Палмас запишувајќи еден погодок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот