Кирби: Неиспраќањето помош за Украина е божиќен подарок за Путин

Џон Кирби фото МИА

САД синоќа испратија дополнителни 175 милиони долари воена помош за Украина, претходно авторизирана од претседателот Џо Бајден, но од неговата администрација укажаа дека тоа се последните залихи и очекуваат Конгресот да го одобри новиот пакет помош до божиќните празници, кој што синоќа не помина во првото гласање во Сенатот.

Како што изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби „без дополнително финансирање ова оружје ќе биде меѓу последните што ќе можеме да ги испратиме“.

„Но, повторно… ако ја прекинеме поддршката и му дадеме на рускиот претседател Владимир Путин токму она што тој го сака. Тоа би било страшно, не само за народот на Украина, туку и за нашите сопствени национални безбедносни интереси и апсолутно за националните безбедносни интереси на нашите сојузници и партнери во Европа“, рече Кирби на брифинг во Белата куќа.

Предложен од Бајден, новиот пакет помош за Украина од речиси 111 милијарди долари, што синоќа беше одбиен од Сенатот, е поврзан со помош и за Израел и Тајван, но и за засилување на контролата на јужната граница за да се запре рекордно зголеменото доаѓање на имигранти.

Кирби на претходен брифинг за новинарите рече дека ако не се усвои оваа помош тоа би било божиќен подарок за Путин.

„Тоа е голем добар Божиќен подарок за него бидејќи ќе го добие токму тоа што го бара… Мислеше дека со инвазијата на Украина ќе изврши раскол на Западот, ќе нѐ фрагментира. Но сѐ што направи е тоа што уште повеќе нѐ зацврсти“, изјави Кирби на брифинг за новинарите.

Одлучноста на Западот е присутна и таа доаѓа од претседателот на САД, Џо Бајден, рече тој.

„Тоа може да се кажа и за мнозинство од членовите на Конгресот, двете партии, двата дома. Но зборуваме за помал број републиканци кои во основа помошта ја држат како заложник затоа што имале некакви политики за границата со кои сакаат да влетаат“, рече Кирби.

Тој рече дека Бајден е подготвен да преговара за границата но во дух на соработка и поддршка.

„Ако не сметавме дека границата не е важна, немаше да додадеме повеќе од шест милијарди долари за барањето за границата на Министерството за внатрешна безбедност, рече тој и додаде дека со ова нефунционирање на Капитол хил „страда народот во Украина“.

Истакна и дека САД се свесни дека има значаен број на цивилни жртви во конфликтот меѓу Израел и Хамас.

-Невини луѓе беа убиени и повредени, Израелци и Палсетинци. И за тоа жалиме за секој еден од нив. Но ќе продолжме со нашите колеги од Израел да им помагаме да бидат многу повнимателни во изведувањето на нивните операции.

САД сметаат дека „Израел се свеснси за тоа и дека преземаат чекори невините луѓе да се истргнат од нишанот, каде Хамас и тоа е преочигледно, намерно ги става.

Во предложениот пакет од Бајден предвидени се 61 милијарди долари помош за Украина, околу 14 милијарди долари воена помош за Израел, 7 милијарди за Тајван, а остатокот е за хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег и за засилена контрола на границите на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот