Фото: Принтскрин - Инстаграм

Даниел Кајмакоски објави фотографии од венчавката

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски отсекогаш бил искрен кога станува збор за неговиот приватен живот. Јавноста ја проследи целата драма со неговата поранешна сопруга, манекенката Кристина Димитриевска, но се чини дека македонскиот победник во музичкото натпреварување Икс-фактор сѐ уште верува во искрена љубов.


Пред само неколку месеци пејачот на социјалните мрежи откри дека има нова жена во неговиот живот објавувајќи фотографија со саканата. Кајмакоски не ѝ го откри идентитетот на убавата девојка, но јавно ги сподели своите чувства кон неа.


„Ти си сѐ она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден“, напиша тогаш пејачот на Инстаграм.

Само неколку месеци по објавата, вчера на својот инстаграм – профил пејачот сподели како ја бакнува својата сакана додека на фотографијата пишува „Just Married“ (Штотуку венчани).

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Еден ден по венчавката, Даниел објави и прекрасни фотографии на кои парот си ги разменува венчалните прстени и прегратки.

„Те сакам, не само за тоа што си, туку за тоа што сум јас кога сум со тебе. Ти благодарам што ја вадиш најдобрата верзија од мене.“

ФОТО | Во убаво друштво: Даниел Кајмакоски ужива на плажа со нова девојка

ФОТО | „Ти си сѐ она што некогаш сум го барал“: Се ожени Даниел Кајмакоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот