
Данците и Велшаните најавуваат спектакл во првиот меч од нокаут-фазата на ЕП!
Европското првенство ќе продолжи в сабота со првите натпревари во осминафиналето, од 18.00 часот на стадионот во Амстердам Велс ќе ги одмери силите против Данска.
Препорачано
За Велшаните ова е втор настап (по ред) на еврошампионатите, во 2016 година во своето деби стигнаа изненадувачки до полуфиналето кога загубија од Португалија.
Данците ќе се обидат по вторпат во својата историја да се искачат на европскиот трон, тоа претходно им успеа во далечната 1992 година на ЕП во Шведска. Оттогаш па досега најдалеку стигнаа до четвртфиналето во 2004 година, во 1996 и 2000 година го завршуваа настапот во групната фаза, а не беа дел од шампионатите во 2008 и 2016 година.
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен во периодот од 2010 до 2013 година играше за холандскиот клуб Ајакс, кој доживеа срцев удар на првиот натпревар на Европското првенство и мораше да биде реанимиран.
– Многу размислувам за Кристијан и колку се надевав дека може да го доживее ова. Тој беше толку среќен ова лето, тоа беше многу голем сон за Кристијан, а навистина боли што не е сега тука со нас – вели селекторот на Данска, Каспер Хјулманд.

Данска ги одигра сите три натпревари во групната фаза на домашен терен во Копенхаген, и забележа една победа над Русија (4:1) и два порази. Велс, пак, одигра два меча во Баку, а натпреварот против Италија се одигра во Рим.
– Не беше лесно затоа што моравме да патуваме за Баку, а потоа за Италија. Сега треба да патуваме за Амстердам. На хартија звучи одлично да се патува низ цела Европа, но логистички е тоа кошмар, и плус ако се додаде на тоа и коронавирусот – се зборовите на велшкиот селектор, Роб Пејџ.
Велс ја заврши групата „А“ на второто место со победа над Турција и освоен бод против Швајцарија, додека Италија беше подобра со 1:0.

Главниот играч на селекцијата, Герет Бејл е најдобар стрелец со 33 погодоци за својата земја, но тој е без гол на последните 14 натпревари, а промаши пенал против Турција на ЕП.
– Ние сме закана. Играме цврсто, па кој знае … Зошто повторно да не стигнеме до крајот? – рече играчот за врска во редовите на Велс, Арон Ремзи.
Играчот од средниот ред, Итан Ампаду, кој доби директен црвен картон на натпреварот против Италија, нема да игра за Велшаните. Данскиот стратег додаде дека е тешко да се подготват за мечот со Велс, бидејќи тие се „многу флексибилни“.
– Тие ја менуваат својата стратегија и своите позиции, и не знаеме со што може да изненадат – вели Хјулманд.
? Think you know how it will unfold?
Make you predictions & reply with your bracket! ?@GazpromFootball | #EUROPredictor | #EURO2020— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 25, 2021
Неколку играчи од овие две репрезентации настапуваат во исти клубови, како што се Дени Вард и Каспер Шмајхел, кои се дел од Лестер, додека Бен Дејвис и Џон Родон се соиграчи со Пјер-Емил Хојбјерг во Тотенхем.
Победникот од овој натпревар ќе игра во четвртфиналето на 3 јули во Баку против подобриот од мечот меѓу Холандија и Чешка.
Италија брка рекорди и четвртфинале, а Австрија подготвува тактичка „замка“!