Фото: ФФМ

Данчо Масев е нов директор на фудбалската А репрезентација на Македонија

Данчо Масев е именуван за директор на А репрезентацијата на Македонија. Поранешниот македонски репрезентативец се враќа на позицијата која ја извршуваше од јуни 2018 до ланскиот септември. Масев беше директор на најдобрата репрезентација во моментите на најголемиот успех – пласманот на Европското првенство и освоеното прво место во последното издание од Лига на нации.

Игор Митревски е именуван за директор на репрезентацијата на Македонија до 21 година. Стружанецот, поранешен прославен македонски репрезентативец, кариерата ја започна во Македонија Враништа, а подоцна играше уште и за Караорман, Напредок и Силекс.2001. замина во Москва, во гигантот Спартак. Остави длабок белег и стана трет странец со најмногу настапи за Спартак Москва, клуб со кој настапуваше во Лигата на шампионите. Како интернационалец настапуваше и во Украина, Израел, Азербејџан и Германија.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го назначи Борче Христов за директор на Центарот за едукација на ФФМ. Борче Христов е носител на тренерска ПРО лиценца и во тренерската кариера ги предводеше Македонија Ѓорче Петров, Цементарница, велешки Борец.

Еден од заслужните за големиот напредок на младинскиот фудбал во Азербејџан, како генерален менаџер на Карабах. Во Азербејџан, работеше и како асистент тренер во Баку.

Фудбалската федерација на Македонија му се заблагодарува на Небојша Марковски, досегашниот долгогодишниот директор на Центарот за едукација.

Димитар Капинковски е нов селектор на македонската У18 фудбалска репрезентација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот