Судски совет/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Дамева: Оставка е личен чин и се поднесува ако има оправдани причини

Оставката е личен чин, ќе го изградам својот став и тогаш на јавноста ќе ѝ биде соопштено, изјави поранешната претседателка на Судски совет, Весна Дамева откако Собранието ѝ ја испрати интерпелацијата нејзе и на уште четворица членови на Судскиот совет избрани во Собранието. Интерпелацијата ја добила доцна синоќа и ја анализира содржината.

-Ќе го изградам својот став, и тогаш на јавноста ќе ѝ биде соопштено. Нема да остане јавноста без мое произнесување, оставката е личен чин и се поднесува оставка само во случај кога постојат оправдани причини за тоа – вели Дамева.

Интерпелацијата ја анализира и членот на Советот, Тања Чачарова Илиевска.

Членот на Судски Совет, Весна Дамева денеска во изјава за медиумите истакна дека доцна синоќа ја добила поднесената интерпелација во Собранието и е во фаза на анализирање на содржината.

-Она што ми падна во очи е дека тоа не е интерпелација за членот Тања Чачарова Илиевска на Судскиот совет, не упатува на интерпелација на Судскиот совет. Се зборува за колективна одговорност, јас не еднаш во моите обраќања кажувам дека одговорноста мора да биде индивидуална и покрај тоа што Судскиот совет е колективно тело. Ние сите гласаме за една одлука и во зависност од гласовите се носи одлука со мнозинството на гласови. Токму од тие причини, потребно е да ја изанализирам – вели Чачарова Илиевска.

Објавени интерпелациите – Дамева и уште четворица „обвинети“ за недовербата кон целото судство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот