
Дали знаевте дека горивото може да се расипе?
Многу луѓе често складираат гориво во канистри, оставајќи го во гаражи и слични места. Се поставува прашањето дали огоривото може да се расипе колку долго може да стои без промена на квалитетот? -прашува Каматица.
Препорачано
Одговор од нафтена компанија во нашето соседство ги посочува опасностите и препорачаните рокови:
– Складирањето во несоодветни услови, освен што го загрозува здравјето и животот на луѓето, може да доведе и до влошување на квалитетот и проблеми при користење на такво гориво. Ако горивото се складира во наменски резервоари, кои имаат можност за одржување и одводнување, се препорачува бензинот да се чува до две години, додека дизел горивото може да се чува до шест месеци. Кондензација на вода може да се појави во канистрите поради големи разлики во температурата на околината, како и развој на микробиолошко загадување.
Складирањето на горивото во несоодветни услови може да го расипе, при што дизел горивото е повеќе изложено на деградација. Сите информации укажуваат дека рокот на траење на горивото во канистри е само неколку месеци.
Затоа, се препорачува да не се складира гориво во гаражи, со оглед на тоа што е лесно запалив материјал, а неговото складирање значително влијае на квалитетот.