
Дали знаете колку често треба да ги переме кујнските крпи?
Кујнските крпи се разновиден додаток на секој дом – ги користиме за бришење чисти чинии, валкани раце додека готвиме, дамки од работни површини, трпезариската маса, па дури и шпоретот. Затоа е важно правилно да се одржуваат!
Препорачано
Крпите за миење садови се поеколошкo решение за чистење на вашиот дом од хартиените крпи – тие се потрајни и можат да се користат одново и одново. Сепак, важно е да се знае дека нечистотијата и бактериите од работните површини ќе се пренесат на крпите, пишува „Задовољна“.
Ако истата крпа се користи премногу често и за целата кујна, го ставаме сопственото здравје во опасност со ширење на бактерии низ целото домаќинство.
Дали знаете колку често треба да ги менувате кујнските крпи? Здравствените експерти препорачуваат често менување на кујнските крпи, а совршено би било тоа да е секој ден. Сепак, одговорот на ова прашање зависи и од тоа за што се користи крпата во кујната.
Ако сте користеле крпа за да ги избришете рацете откако сте допреле сурово месо или течноста што останала во пакувањето со сок од морска храна, најдобро е веднаш да ја ставите во машината за перење. Ако штотуку сте ја користеле за да избришете прашина од масата, нема потреба да брзате со перењето.
Важно е кујнските крпи да ги перете на највисоката можна температура, односно на 90 степени, за да ги убиете сите потенцијални бактерии на нив.