
Дали Зендаја е верена? Прстенот на левата рака предизвика гласини
Актерката Зендаја блесна вечерта на доделувањето на наградите Златен глобус во Лос Анџелес. Таа се појави во портокалов фустан на „Луј Витон“, украсен со ѓердан „Булгари“. Сепак, најголемо внимание привлече прстенот на нејзината лева рака, место кое традиционално се поврзува со веридба или брак.
Препорачано

Според американските медиуми, во соопштението на „Булгари“ не е истакнат прстенот на левата рака како дел од нејзиното модно издание, што ги подгреа гласините за свршувачка.
„Зендаја не би носела прстен на тој прст освен ако тоа не е свршенички“, напиша еден фан на социјалните мрежи, а друг додаде:
– Се додека Зендаја не ја потврди свршувачката, не можеме да знаеме.
Актерката сѐ уште не ги коментирала гласините.
Зендаја е во врска со британскиот актер Том Холанд. Тие се запознале во 2015 година на снимањето на „Спајдермен“, но само пет години подоцна ја потврдиле врската, а дотогаш нагласувале дека се само добри пријатели.
Минатата година Зендаја се осврна на јавниот интерес за нејзината врска со Холанд.
– Делови од мојот живот, прифаќам, ќе бидат јавни. Морам да бидам личност, да го живеам својот живот и да ја сакам личноста што ја сакам, но имам и контрола врз тоа што избирам да го споделам. Се работи за заштита на мирот и дозволување на некои работи да останат мои, но и да не се плашам од тоа што постоиме. Не можам да се сокријам. Ниту тоа не е забавно – изјави тогаш таа за „Ел“ (ELLE).