Осаменост, тага / Фото: Unsplash

Зошто средовечните луѓе се всушност поосамени од најстарите?

Спротивно на широко распространетото верување, осаменоста почесто ги погодува средовечните луѓе отколку старите, укажува една нова студија, пишува ДПА.

Се чини дека чувството на длабока осаменост, кое традиционално им се припишува на најстарите, всушност најмногу ги мачи многу помладите луѓе, според студијаta на Германскиот центар за прашање на староста (ДЗА).

Новото истражување на ДЗА, имено, покажува дека луѓето постари од 76 години се чувствуваат помалку осамено во просек од оние на возраст помеѓу 43 и 55 години.

„Наодот е во спротивност со широко распространетото верување дека осаменоста се зголемува со текот на годините“, наведуваат авторите.

Како можни објаснувања, анализата наведува дека постарите лица често се задоволни со помал, но стабилен социјален круг, додека помладите сè уште бараат повеќе контакти за чувство на социјална поврзаност.

Исто така е можно меѓу најстарите да има помалку осамени луѓе, бидејќи луѓето кои не се чувствуваат осамени статистички живеат подолго.

Студијата ја коментирала министерката за семејство Карин Приен, со проценка дека „осаменоста не ги погодува само постарите лица“.

„Таа е распространета и во средната возраст, а често е невидлива и потценета“, рекла министерката.

Токму во таа фаза од животот, рекла таа, чувството на осаменост може да биде особено изразено кај некои, бидејќи го губат чувството на поврзаност додека го бараат патот помеѓу деловниот притисок и семејните обврски.

Проблемот со осаменоста е сложен и не следи едноставни демографски обрасци. Еден од „јасните фактори на ризик“ е социоекономскиот статус.

„Колку е помал приходот, толку е поголем ризикот“.

Понатаму, вработените се чувствуваат помалку осамени од невработените.

Според студијата, секоја единаесетта личност постара од 43 години навела дека се чувствува „многу осамено“. Општо земено, луѓето во втората половина од животот во просек пријавуваат умерено ниво на осаменост.

Студијата се потпира на податоци од Германското истражување за стареење (ДЕАС), кое секоја година анкетира репрезентативен примерок од целната популација. Авторите користеле податоци од 2017 и 2023 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот