
Дали Швајцарците се најбогатите луѓе во светот и колку „тежи“ просечен граѓанин?
Швајцарија е сè уште втора во светот по богатство по глава на жител, кое во оваа земја изнесува речиси 269.000 евра, според најновиот Извештај за глобалното богатство на осигурителната компанија „Алијанц“ за 2024 година. На прво место се граѓаните на Соединетите Американски Држави, кои имаат просек од 311.000 евра по глава на жител, објавува порталот „Свисинфо“- прнесе Телеграф.рс.
Препорачано
Специфичноста на швајцарскиот модел е силна ориентација кон осигурување – 41 процент од заштедите се насочени кон осигурителни производи, додека банкарските депозити сочинуваат само 15 проценти. Покрај тоа, повеќето инвестиции во хартии од вредност се поврзани со взаемни фондови, особено ETF.
Во Швајцарија, бруто-финансиските средства на домаќинствата пораснаа за 4,2 проценти на годишно ниво минатата година, што е значително повисоко од растот во 2023 година, кој изнесуваше 2,6 проценти. Најголем придонес имаат хартиите од вредност, додека осигурувањето, пензиските фондови и депозитите пораснаа поумерено. Кога долгот ќе се одземе од вкупните средства, нето-финансиските средства се зголемија за 5,3 проценти. Глобалното население се збогати минатата година, бидејќи вкупните финансиски средства во светот се зголемија за 8,7 проценти на 269 трилиони евра. Ова го надмина растот од претходната година, кој изнесуваше осум проценти, додава швајцарскиот портал.