
Дали сенфот навистина помага во олеснување на грчевите?
Во зависност од причината за вашите грчеви, веројатно сте чуле многу народни лекови, но сенфот може да биде една од најчудните опции кога станува збор за ублажување на грчевите во мускулите.
Препорачано
Истражувачите всушност не знаат зошто некои луѓе се во состојба да си ги олеснат грчевите со сенф, бидејќи нема лабораториски докази што го сугерираат тоа.
Сепак, многу е важен видот на грчот. Честопати, во народната медицина се верува дека сенфот помага при грчеви во нозете, тип на грч што често се појавува, обично по вежбање. Овие типови на грчеви често се појавуваат навечер и може да предизвикаат болка која може да ве разбуди од сон.
Поголемиот дел од времето, овие грчеви се предизвикани oд „грешка“ во невроните кои стануваат премногу активни.
Некои експерти веруваат дека сенфот делува на ублажување на овие грчеви во одредени случаи, затоа што го менува начинот на кој вашиот мозок обработува различни стимули. Киселкастиот вкус на сенфот ( и сокот од киселите краставички) може да испрати сигнали до централниот нервен систем на вашето тело што во суштина ги надминува сигналите што ги предизвикуваат грчевите.
Сепак, истражувањето што стои зад ова е оскудно, а научниците сè уште испитуваат зошто се случуваат грчеви и зошто одредени природни лекови помагаат.
Други шпекулираат дека бидејќи грчевите можат да бидат предизвикани од дисбаланс на електролити, натриумот и калиумот содржани во сенфот всушност може да помогнат во ребалансот на вашето тело, а со тоа и да ги олеснат грчевите.
Повторно, нема ниту една студија што укажува дека ова е причината што некои луѓе сметаат дека сенфот е корисен. Бидејќи сенфот е богат со електролити, важно е да се напомене дека ако пробате да го користите како лек, треба да пиете доволно вода за да останете хидрирани.
И додека користењето сенф за ослобдување на грчеви нема многу истражувања што го поткрепуваат тоа, сепак имајќи го предвид фактот дека станува збор за домашен лек, тоа е релативно безбедно да се испроба дали фунцкионира.
За жал, кога станува збор за необјаснети грчеви, нема еден едноставен лек или одговор. Останете хидрирани и при појава на грч правете некои нежни истегнувања кои ќе ви помогнат – и може да размислите да пробате лажичка сенф кога ќе се појави следниот грч.