Фото: Vlad Deep / Alamy / Alamy / Profimedia

Дали омекнувачот ѝ прави повеќе штета отколку корист на нашата облека?

Постои широка палета на миризливи омекнувачи, кои ѝ даваат мекост и пријатен мирис на облеката. Но, колку омекнувачите се добри за облеката и какви се нивните ефекти врз кожата?

Самиот омекнувач не е лош, но дефинитивно има некои работи што треба да ги знаете пред да го користите овој додаток за перење. Омекнувачот за ткаенини не треба да се користи за крпи и спортска облека, бидејќи може да ги оштети влакната на облеката, пишува „Тудеј“.

Омекнувачот ја покрива нашата облека со супстанца која наликува на восок, а кога облеката е заситена со омекнувач, често може да се појави малку поинаков мирис, кој не мора да биде пријатен мирис.

Исто така, омекнувачот за ткаенини може да има лош ефект врз машината за перење со текот на времето.

„Прекумерната употреба на омекнувач со текот на времето почнува да формира наслаги кои почнуваат да го забавуваат исфрлувањето на водата за време на перењето. Ова побргу ја расипува машината“, изјави Џејмс Коупленд, директор на компанијата „Prism Specialties“.

Експертите истакнуваат дека мешавината од сода бикарбона и оцет дава ист ефект на алиштата како и омекнувачот. Потребни ви се две чаши топла вода, половина шолја сода бикарбона и половина шолја бел оцет. За алишта со мирис, може да се додадат неколку капки есенцијално масло. Вака направената смеса треба да се истури во преградата за омекнувачот.

Омекнувачите се генерално силни и со интензивен мирис, иако на пазарот има и такви без мирис, особено за бебиња. Сепак, тие можат да предизвикаат иритација на кожата.

Експертите препорачуваат омекнувач да се користи на секое четврто перење.

Четири грешки кои сигурно ги правите при перењето на пешкирите: Ова е единствениот начин тие да останат меки!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот