Валентин Манасиевски / фото: ВМРО-ДПМНЕ

Дали имало и случај „Рекет 2“ и дали тој се чува во фиока? – прашува ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција постави прашање дали постоел случај „Рекет 2“, кое обвинителството наводно го криело во фиока, бидејќи се штителе функционери на СДСМ и ДУИ.

„Во случајот опфатени се поранешната СЈО Катица Јанева, Бојан Јовановски, како и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен. Јавноста заслужува да знае, зошто овој случај се крие од неа? Дали затоа што штитат и кријат некој од СДС и ДУИ, и со тоа им оставаат простор да ја дефокусираат јавноста?“, рече Манасиевски.

Зошто изминатава година, не е поведена ниту една постапка за поранешни функционери од СДС и ДУИ? Дали Коцевски сѐ уште ги штити неговите наредбодавци?“, рече Манасиевски, кој го обвини актуелниот републички јавен обвинител, Љупчо Коцевски, дека „сè уште ги ги штити криминалците кои го изгласаа, а тоа се СДС и ДУИ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот