
Дали доживеала оргазам или не? Овие знаци не можат да ве измамат
Повеќето ќе се согласат дека глумењето оргазам е глупост што не носи придобивка од никој, затоа што партнерот нема ни да знае дека не ја задоволил партнерката, а таа со глумењето ги намалува шансите да го доживее со истиот партнер следниот пат.
Препорачано
Додека околу 30 отсто од жените немаат проблеми редовно да доживуваат кулминација, другите 70 отсто го доживуваат поретко – на секои петти сексуален однос, дури 15 отсто сметаат дека никогаш не доживеале сексуален оргазам или го доживеале само еднаш или двапати во животот.
Дишењето и тишината открива пред гласното стенкање. Најсигурни и јасни знаци на оргазам се грчење на мускулите – најчесто вагиналните. Исто така, може да се појават и грчеви во нозете.
Тоа што глуми не значи дека не ужива. Дури и партнерката да глуми оргазам, не мора да значи дека не ужива во сексот.
Истражувањата покажале дека кај жените најголемата активност во центрите за уживање во мозокот во текот на сексот, односно на патот до оргазмот е додека пред самата завршница активноста нагло паѓа. Кај мажите пак, активноста на тие делови е најсилна во времето на самата ејакулација.
Околу 75 отсто од жените признаваат дека го лажирале оргазмот со гласно стенкање од едноставна причина – дека партнерот не се ни потрудил да ја доведе до кулминација.
Стравот и несигурност е мотив кај жените кои не се чувствуваат добро во своето тело, а со таа причина се оправдуваат жените со слаба самодоверба, со помалку сексуално искуство или пак, само тие сметаат дека нешто не е во ред со нив, бидејќи не можат да го достигнат врвот во сексот. Тоа е причината која третина од жените го практизираат „лажирање на врвот од задоволство“.