
Дали Брегзит е виновен за недостигот на овошје и зеленчук во Велика Британија?
Некои сметаат дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија (Брегзит) е причина за недостигот на овошје и зеленчук, особено домати, на пазарите во оваа земја. Дали Брегзит навистина е виновен за ова?
Препорачано
Поради ова, големите синџири на маркети го ограничија купувањето на овошје и зеленчук. Во третиот по големина синџир, Aсда, можете да купите три пакувања домати, пиперки, краставици, зелена салата и брокула. Како причина за ваквата одлука ги посочија проблемите во жетвата во Шпанија и Мароко поради неповолните временски услови. Во водечкиот синџир Moрисонс, можно е да се купат два артикли по лице.
Сепак, фотографиите објавени од корисниците на социјалните мрежи од Шпанија и Мароко покажуваат полици полни со домати и свежо овошје, што доведе некои да заклучат дека овој проблем е поврзан со Брегзит. Ендрју Опи, директор за храна и одржливост во Британскиот малопродажен конзорциум, смета дека неповолните временски услови се виновни за недостигот. Сепак, Џек Вард, извршен директор на Британската асоцијација на земјоделски производители, рече дека причината за недостигот е зголемувањето на цените на енергијата.
Производителите во Велика Британија и во другите делови на северна Европа зазедоа став дека нема да садат доколку не им се гарантира разумна цена, истакна Вард.
Според него, не вредело коцкањето за да се надомести недостигот што произлезе од одлуката на домашните производители.
Тој посочи дека поради ова се барала алтернатива во Шпанија и Мароко, но дека не е доволна за да се спречи недостигот. Според податоците на Амбасадата на Велика Британија во Мароко, Велика Британија увезува 25 отсто домати од Мароко, а 20 отсто од Шпанија, што ги прави овие две земји најголеми извозници на домати во Велика Британија, пренесува Кликс.ба.