Христијан Мицкоски Фото:Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Далечинското затоплување на домовите е најсигурен и најевтин начин, смета Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оцени дека далечинското централно затоплување на домовите е најсигурен и најевтин начин.

Тој денеска присуствуваше и се обрати на надзорната расправа во Собранието посветена на животната средина.

„Нема друг начин, освен тоа за што веќе зборував. Тоа е да имаме далечинско централно затоплување. Не постои друг начин. Или ако продолжиме со процесот на секундарна и терцијална гасификација, па да донесеме дома, до домаќинствата гас, па потоа да се инсталираат гасни котли, кои понатаму ќе продуцираат, во рамките на домаќинството топла вода за затоплување на домот. Онаму каде сега се користат дрва или некаде се користи екстра лесно масло за горење, некаде нафта итн. или далечинско затоплување“, одговори Мицкоски на прашање на пратеничката Каролина Настовска.

Тоа, според Мицкоски, може да се направи само со организиран настап.

„Вториот начин е, ако гледаме парцијално на проблемите, за што не сум голем поборник, да субвенционираме инсталирање на инвертер клима уреди, или пак субвенционирање на топлински пумпи, коишто би ги вградиле во своите домови, а со кои тие понатаму би продуцирале затоплување и ладење на домот. Кога станува збор за затоплувањето, јас сум повеќе за далечинско затоплување, можеби ќе треба повеќе време, но кога тоа ќе се заврши, тоа значи дека сигурно имаме далечинско затоплување и сигурно имаме најевтин ресурс за затоплување на нашите домови“, посочи премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот