epa-efe
Фото: EPA

Далај Лама: Се надевам дека ќе живеам 130 години

Тибетскиот будистички духовен водач Далај Лама изјави во пресрет на неговиот 90-ти роденден дека се надева дека ќе живее уште 40 години и ќе доживее 130 години.

Далај Лама ги даде овие забелешки во говорот денес за време на церемонијата организирана од неговите следбеници за да се молат за неговиот долг живот, пред неговиот 90-ти роденден утре, објави Ројтерс.

Во говорот што го одржа во северниот индиски град Дарамшала, каде што живее откако избега од Тибет во 1959 година, Далај Лама рече дека и покрај тоа што ја изгубил слободата и живеел во егзил, верува дека успеал да направи многу добро во својот живот.

Далај Лама претходно во декември изјави дека може да живее до 110 години.

Пекинг го смета Далај Лама за сепаратист и инсистира дека кинеските лидери мора да го одобрат неговиот наследник, во согласност со традицијата што датира од империјалното време.

Далај Лама, сепак, претходно изјави дека ќе се реинкарнира во „слободниот свет“ и им рече на своите следбеници дека единствениот авторитет за признавање на неговата реинкарнација ѝ припаѓа на неговата институција – „Гаден Фодранг Траст“.

Далај Лама им стави до знаење на своите следбеници дека прашањето за неговото наследство и реинкарнација нема да зависи од надворешни фактори, туку исклучиво од неговата организација, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот