
„Да не сакате друго пумпање?“: Вицепремиерот Стоилковиќ со погрден коментар за Костовски од СДСМ
„Напумпамо ве на избори. Да не сакате и некое друго пумпање? Затвори чекав…“, е пораката што ја напиша вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ на Фејсбук, како одговор на статусот на организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски кој јавно ги поддржа студентските протести во Белград со порака „Пумпај”, слоган што секојдневно се користи на студентските протести во Србија. Со тоа, Костовски им изрази поддршка на студентите пред денешните големи протести во Белград.
Препорачано
СДСМ преку писмено соопштение најостро ги осуди ваквите, како што велат, „шокантни навреди од вицепремиерот на Мицкоски, Иван Стоилковиќ кон организациоскиот секретар на СДСМ, Мартин Костовоски на Фејсбук“.
„Пораката кон Мартин Костовски од страна на Стоилковиќ и прашањето дали сакал да го ‘напумпа‘, е скандал и демонстрација на врвен простотилук од страна на високиот владин функционер. Ова ниско ниво на комуникација и закани на вицепремиерот е доказ за безобразието и злобата на претставниците на власта која се демонстрира кон опозцијата. СДСМ бара итно оставка од Стоилковиќ по овој скандал. Доколку самиот не се повлече Мицкоски мора веднаш да го разреши. Го прашуваме Мицкоски дали тој се согласува со ваквата изјава на Стоилковиќ и дали ја оправдува? Дали ова е новото нормално во комуникацијата на владините функционери и дали овие закани и навреди стануваат секојдневна пракса? Срамно, ниско и недозволиво. СДСМ му дава целосна поддршка на Костовски, за оваа навреда и закана ќе поднесеме претставки до институциите, стои во реакцијата на СДСМ.