твитер

Да не беше Меси, Гвардиола немаше да освои ништо

Иако Пеп Гвардиола е еден од најтрофејните тренери на денешницата, многумина ги оспоруваат неговите тренерски квалитети.

Гвардиола кој во тренерската кариера има седено на клупата на само три екипи, Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити, ги има освоено сите домашни трофеи во Ла Лига, Бундеслигата и Премиер лигата, но изостанува успехот во Европа.

Пеп со Барселона два пати ја освои Лигата на шамоионите, но со Баерн и Манчестер сити најголем дострел во елитното европско натпреварување му е пласманот во полуфиналето.

Поранешниот германски тренер, Феликс Магат истакна дека единствена причина зошто Гвардиола триумфира во Лигата на шампионите е Лионел Меси.

Не ги освои Гвардиола трофеите во ЛШ, туку Меси. Без него, системот на Пеп никогаш не функционирал. Доколку не беше така, одамна ќе триумфираше во ЛШ и со Баерн Минхен и со Манчестер сити – вели Магат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!