Одложени и откажани летови до Москва/ Фото: EPA-EFE/CONSTANTN ZINN

Да ја напуштат Русија „без одлагање”, им порача Францијата на своите граѓани

Француското Министерство за Европа и надворешни работи „силно им препорача” на своите државјани во Русија да ја напуштат земјата „без одлагање”, по одлуката на Европската унија да им забрани на руските и белоруските авиокомпании од европскиот воздушен простор.

Слично ажурирање на веб-страницата денеска „формално го обесхрабрува” какви било патување во Белорусија. Министерството соопшти дека „повеќето европски авиокомпании, вклучително и Ер Франс” ги суспендираа линиите кон и над Русија почнувајќи од денеска навечер поради затворањето на нејзиниот воздушен простор на ЕУ за руските авиони и авиокомпании.

Поради зголемените ограничувања, француското Министерство за надворешни работи препорача Французите „кои минуваат низ Русија (туристи, посетители, студенти, професионалци на работни патувања) да направат аранжмани да ја напуштат земјата без одлагање преку постоечките воздушни врски”.„Исто така, препорачливо е да се одложи секое патување во Русија”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот