Данела Арсовска

Да го градиме Скопје како град на успеси и перспективи, вели Данела Арсовска

Денес одбележуваме важен јубилеј, одбележуваме 80 години од ослободувањето на нашето Скопје – момент кој значи не само ослободување од тешкото бреме на војната, туку и почеток на самостојност, независност и непрекината борба за подобро утре, се вели во соопштението од Град Скопје по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор.

„Овој историски ден е симбол на победата на духот, на решителноста и храброста на генерациите што со својата пожртвуваност ја донесоа слободата за сите нас. Тие херои, со неуморната борба за правда и достоинство, ни оставија аманет да го негуваме и почитуваме она што тие го постигнаа – да го градиме Скопје како град на успеси и перспективи. 80 години подоцна, ние сме сведоци на независна и суверена Македонија, и Скопје како нејзин центар на културата, напредокот и единството. Оваа годишнина е момент да се обврземе и да ги вложиме нашиот труд и посветеност за нови победи и постигнувања во иднината“, пишува во соопштението.

„Со гордост и почит да се однесуваме кон споменот на нашите предци и нивните дела, и обединети во напорите да го направиме нашиот град поубав, поуспешен и посветол за идните генерации“, се додава во информацијата од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот