
Д-р Тихомир Цветковиќ: Ботоксот е златен стандард за добивање ефект на подмладување
Со д-р Тихомир Цветковиќ од ординација „Дерма плус“ разговараме за корекции на лице.
Дали ботоксот е едно од најдобрите решенија за подмладување на кожата?
Препорачано
– Токму така, ботоксот е моментално, а и во иднина, златен стандард за санирање на брчките на лицето и добивање ефект на подмладување. Неговата улога е да ги „релаксира“ мускулите кои поради нивната нормална работа (гримаси) ја гужваат кожата и со тоа ги создаваат брчките. Безбеден, брз и долготраен, ботоксот ќе остане примат во естетската дерматологија уште долги години.
Постојат ли ефикасни неинвазивни и безболни „анти-ејџинг“ интервенции, особено за оние кои имаат „фобија“ од игли?
Секако, постојат и далеку понеинвазивни техники особено од областа на мезотерапијата, но ефектот што се добива не може баш да се спореди со тие техники кои бараат боцкање. Брзината на постигнување на саканите резултати, долготрајноста и ефикасноста се сè уште на страната на инвазивните техники, за жал. Но, да појасниме, ова не значи дека неинвазивните методи се неефективни, туку дека пристапот е поинаков кон постигнување една иста цел.
Кои се, според Вас, во моментов, најефикасните медицинско-естетски третмани и интервенции за подмладување на лицето?
– Одговорот на ова прашање ќе варира во зависност од потребата на нашите пациенти. За брчките на лицето ботоксот е златен стандард третман. Доколку бараме да надокнадиме волумен тогаш хијалруонските филери ни се најдобра алатка. Доколку бараме да вратиме младешки сјај, еластичност и да го подобриме тенот, тогаш ензимските пилинзи се најдобриот начин да се постигне тој ефект. За флеки настанати од сонце или други причинители, ласерскиот третман во комбинација со некој од многуте типови на ензимски пилинзи ни дава најдобри резултати. Секој пациент е различен во поглед на желбите, очекувањата и потребите, но овие третмани, иако не се единствени, сепак се најдобри во своите категории и дефинитивно даваат најдобри резултати.
Кожата на вратот и на рацето секогаш е онаа која ни ги открива годините. Како може да се интервенира за позатегнат изглед токму на овие чувствителни делови?
– Убавината на естетската дерматологија е што му дава слобода на дерматологот да користи различни методи за да ги постигне целите на своите пациенти. За конкретната проблематика би се искористиле неколку различни методи, почнувајќи со ботокс за да ги намалиме брчките на вратот, потоа може да се искористат и некои мезотераписки филери или ласерска фоторејувенација да ја затегне и подмлади кожата. На ова дополнително препорачуваме и козметика за секојдневна употреба и за задржување на ефектот од третманите. Во однос на рацете, дермалните филери ни се најдобар избор, бидејќи го рамнат релјефот на анатомските структури на рацете и со тоа ги „враќаат“ годините наназад. По филерот, третманите со ензимски пилинг за флеките од сонце и липофусцин би биле најсоодветен пристап и на тоа препорачуваме соодветна козметика. Сепак, ова се почетните шеми, се разбира има варијации кои ги договара со самите пациенти, но и според индикациите. Секој пациент е посебен со свои индивидуални потреби.
После терапиите, што им препорачувате на пациентите за да ги одржуваат добиените резултати од ден на ден и колкава е нивната долготрајност?
– Долготрајноста зависи од типот на препарат и од организмот на секоја посебна индивидуа. Сепак, зборуваме за месеци, а не за денови во однос на долготрајноста. Ниеден од овие третмани не е траен вечно, и бара повторен третман, но во меѓувреме препорачуваме соодветна козметика која ќе има за задача да ги подобри и пролонгира резултатите од дерматолошките третмани што се направени. Нашата препорака е да се води грижа за целото тело, а не само на кожата. Тоа е така бидејќи здравјето на кожата ни е слика на здравјето на нашето тело – сите проблеми однатре имаат манифестации на површината на кожата и нејзината функција.
Ординација „Дерма плус“, бул. Јане Сандански 84, Скопје
тел. 02 244 6600
(комерцијален текст)