д-р Бојан Трајковски / Фото: Фејсбук, приватна архива

Д-р Бојан Трајковски: Итната помош одби да му аплицира терапија на лице со инвалидитет, само зашто е позитивно на ковид!

Доктор Бојан Трајковски, вработен во приватната здравствена установа по општа медицина Медика Вера, на Фејсбук тврди дека итната помош одбила да дојде дома кај лице со телесен инвалидитет и да му ја даде терапијата, само зашто лицето било позитивно на ковид.

,,Лице со телесен инвалидитет кое не може само да си ја аплицира терапијата, за која претходно има добиено регуларен специјалистички извештај, поради позитивираност е одбиено од итната медицинска помош и државната домашна посета за да му се даде терапијата!“, пишува доктор Трајковски.

Тој додава дека се работи за интервенција од три минути каде нема никаква опасност.

-Ќе одиме, ќе ја даваме терапијата, ќе ја завршиме вашата работа со надеж дека некој некогаш ќе поднесе одговорност во државава, вали докторот.

Затоа што има ковид: Државното здравство одби да му аплицира инсулин на скопјанец со Паркинсонова болест, дијабетес и уште пет дијагнози!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот