принтскрин

„Црниот пантер“ зборуваше за ракот и плачеше, а никој не ја знаеше неговата тајна (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири емотивна снимка од ѕвездата на „Црниот пантер“, Чедвик Босман, кој почина по четиригодишната битка со ракот.

За време на интервјуто за радиото SiriusXM зборувал за две деца во терминалната фаза на рак кои сакаат да го доживеат прикажувањето на филмот „Црниот пантер“, а во текот на говорот не можел да ги задржи солзите. Со оглед на тоа што сега е познато дека и самиот во тоа време се борел со ракот на дебелото црево, ова интервју доби уште подлабоко значење.

Босман во интервјуто зборува за момчињата Иан и Тајлор, а нивните родители му рекле дека момчињата сакаат да издржат да го видат филмот во февруари 2018 година.

„После тоа се чувствувате скромно, размислувате за тоа колку тоа им значи. Ама кога гледам како нè прифати светот, дека тоа стана движење и сега има свој живот, сфатив дека се случува нешто големо“, рекол Босман.

Босман не можеше да ги задржи солзите кога соопшти дека момчињата починале пред премиерата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот