Фото: ЦУК

ЦУК: Во земјава регистрирани 29 пожари, три се сè уште активни

На територијата на Македонија, до утрово се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор. Од нив, три се активни, три се под контрола, а 23 се целосно изгаснати.

Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни пожари има во: Гевгелија, на планината Кожуф (букова шума), Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода (дабова шума и папрат) и во Чучер Сандево, кај село Малино (мешана шума).

Под контрола се ставени пожарите во општините Гази Баба (село Виниче), Студеничани (село Батинци) и Делчево (градска депонија Острец).

Целосно изгаснати се 23 пожари во повеќе региони низ државата, меѓу кои во Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Струмица, Валандово, Куманово, Кичево, Штип, Виница, Липково и други општини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот