Се воведува бројот за итни повици 112 / Фото: Слободен Печат - Драган Митрески

ЦУК: Во изминатото деноноќие 1.359 повици на бројот за итни случаи, најмногу кон полицијата

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека за 24 часа се евидентирани вкупно 1.359 повици на бројот за итни случаи 112.

Од сите повици, како реални и итни биле категоризирани 54.38 отсто додека пак останатите 45.62 отсто биле за други потреби на граѓаните.

Најмногу повици биле упатени кон полицијата, скоро 70 отсто, додека пак 27.5 отсто од повиците биле кон Итната медицинска. Кон пожарникарите биле упатени најмалку итни повици, нешто над 1.5 отсто.

ЦУК дополнително информира дека мостот на реката Вардар кај Башино Село е затворен за секаков вид сообраќај, а дополнително не се регистрирани пожари на отворен простор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот