Фото: ЦУК

ЦУК: Утрово регистрирани осум пожари, под контрола е пожарот на Кожуф

До седум часот утрово евидентирани се осум пожари на отворен простор во државава. Седум се изгаснати, а еден е ставен под контрола, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Ставен под контрола е приземниот пожар на Кожуф планина на територија на општина Гевгелија.

Од изгаснатите пожари, два биле на територија на општина Гази Баба. Останатите пожари гореле во подрачјето на општините Виница, Кавадарци, Липково, Струмица, Шуто Оризари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот