Вардариште - Дива депонија - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Вардариште - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ЦУК: Сè уште е активен пожарот на Вардариште

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека и понатаму е активен пожарот на депонијата Вардариште во општина Гази Баба.

До 12 часот денеска биле евидентирани уште неколку активни пожари: во село Шутово (Кичево), во село Горенци (Центар-Жупа), како и два пожара во општина Бутел – во Визбегово, на патот за Горно Оризари и на улица „5“.

Во меѓувреме, е изгаснат пожарот на планина Кожуф во општина Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот