Фото: ЦУК

ЦУК: 23 пожари за едно деноноќие, пожарот кај Долнени сè уште е активен

Центарот за управување со кризи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор.

Од нив, 20 се изгаснати, 2 се под контрола, а еден пожар сè уште е активен во атарот на селото Долгаец, општина Долнени, каде што гори мешана шума.

Под контрола се пожарите кај повеќенаменското подрачје „Јасен“ во Македонски Брод и на планината Кожуф во Гевгелија.

Пожарите кои биле изгаснати претежно зафатиле ниска вегетација, стрништа, депонии и шуми во повеќе општини, меѓу кои Штип, Куманово, Крушево, Охрид, Битола, Кочани, Струга и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот