Фото: FK Crvena Zvezda

Црвена Звезда продаде фудбалер во Премиер лигата и одлично заработи

Црвена Звезда остана без еден од најперспективните фудбалери во своите редови, но истовремено белградскиот гигант и одлично заработи. Имено, младиот 18-годишен дефнзивец, Вељко Милосављевиќ, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата и тоа во редовите на Бормут.

Младинскиот репрезентативец на Србија потпиша петгодишен договор со премиерлигашот, каде ќе има можност да работи под водство на шпанскиот стратег Андони Ираола.

„Пресреќен сум што доаѓам во Бормут и со нетрпение чекам да ги запознаам соиграчите. Сонував да заиграм во Премиер лигата, ова е најдобрата лига во светот“, изјави Милосављевиќ за клупската веб-страница.

Пред да го облече дресот на Црвена Звезда, младиот стопер играше само за Графичар, филијалата на Звезда каде што ги направи првите сениорски чекори. Сега, на само 18 години, ќе има можност да се докаже на големата фудбалска сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот